Одигрувањето на мечот меѓу Нотингем и Лутон под знак прашалник

Бурата Бабет, која деновиве ја зафати Велика Британија, прави големи проблеми и во Премиерлигата. Постојат силни стравувања дека би можел да биде откажан дуелот од деветтото коло на „Сити Граунд“ помеѓу Нотингем Форест и Лутон.

Наврна големо количество дожд, а метеоролозите најавуваат дека обилните врнежи се очекува да продолжат и во текот на викендот. Особено е критично во областа Нотингем каде неколку патишта се затворени поради бранот поплава.

Во клубот од Нотингем се уште се надеваат дека натпреварот ќе се одигра и ќе продолжат со подготовки, но внимателно ја следат ситуацијата.

Се вчитува...