Одисејата заврши, Металург по 43 часа стигна во Леон

Експедицијата на Металург го мина најдолгото патување во последните години, откако по 43 часа возење со автобус пристигна во Леон, каде вечерва ќе се сретне со Адемар Леон во рамките од Лигата на Европа.

Поради неможноста да се најдат соодветни авионски конекции тимот од „Автокоманда“ беше принуден на ваквa опција за патување, па ракометарите и тренерот Димитриоски дени половина минаа во автобус.

„Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон“, објави поранешниот македонски првак на официјалната веб-страница.

Натпреварот со Адемар Леон се игра вечерва со почеток во 20.45 часот. Средбата ќе ја судат Португалците Даниел Фреитас и Цесар Карваљо, а делегат ќе биде Антонио Гулао, исто така од Португалија.

Се вчитува...