Одлична контрола за лидерот: Шкупи денеска во Истанбул против гигантот Бешикташ

Шкупи денеска ќе одигра силен контролен натпревар, во кој ќе се сретне со турскиот гигант Бешикташ на „Водафон Парк“ во Истанбул. Мечот започнува во 14 часот по турско, односно во 12 часот по македонско време.

Чаирскиот тим веќе отпатува во Истанбул, каде што беа пречекани од највисоките структури на тимот на Бешикташ.

Двата тима имаат одлична соработка, и сега тие одлични односи ќе ги „крунисаат“ со контролен натпревар. Воедно, ова ќе биде силна контрола за Шкупи пред продолжението на првенството во кое тимот влегува како главен фаворит за есенската, но и за шампионската титула оваа сезона.

Се вчитува...