Oдлична партија на Јакимовски во победата на Вашингтон по три продолженија

Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар во победата на неговиот Вашингтон Стејт по три продолженија над Стенфорд со 85-76.

Нашиот Јакимовски во трилер натпреварот одигра неверојатни 51. минута во кои запиша 11 поени, надополнети со девет асистенции и шест скока.

Вашингтон во моментов има скор од 14 победи и 10 порази и се наоѓа на седмото место во дивизијата Пацифик 12.

Се вчитува...