Одлична вечер на Јокиќ и Богдановиќ, Мајами го доби дербито на Истокот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ја потврди својата МВП форма и во победата на Денвер над Минесота со 103-114, забележувајќи дабл-дабл од 31 поен и 14 скока на кои додаде и 4 асистенции. Него го следеше Арон Гордон со 15 поени и 4 асистенции, додека го домашниот тим се истакна Едвардс со 29 поени и 5 скока.

Одлична вечер имаше и Богдан Богдановиќ кој во победата на Атланта над Орландо со 116-93 го предводеше својот тим со 27 поени и 5 асиснтеции. Тре Јанг додаде 18 поени и 7 асистенции за домаќините, додека најрасположен кај гостите со 18 поени и 8 скока беше Ар-Џеј Хамптон.

Дербито на источната конференција помеѓу Мајами и Филаделфија им припадна на домаќините кои славеа со 106-94. Џими Батлер беше првото име кај Хит со 21 поен, 5 скока и 4 асистенции, додека дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 скока забележа Адебајо. Харис ги предводеше гостите со 21 поен и 4 скока.

Се вчитува...