Одлична вест: Навратилова го победи ракот на грлото

Мартина Навратилова ја израдува спортската јавност објавувајќи дека ја победила тешката болест. Најтрофејната светска тенисерка (59 гранслем титули, севкупно во сингл и во дубл) во јануари објави дека има рак на грлото и пред неа е тешка битка за живот, за синоќа самата да ги пренесе убавите вести во интервју за британскиот новинар Пирс Броснан.

Целото интервју вечерва ќе биде објавено во јавноста, но веќе излегоа детали кои се однесуваат на здравствената состојба на Навратилова.

„Како што ми рекоа лекарите, веќе немам рак, што е одлично“, вели 66-годишната Навратилова во дел од интервјуто.

Мартина Навратилова ја заврши кариерата во 2006 година, по повеќе од 30 години настапи на ВТА турнирите.

Се вчитува...