Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао би можел да заигра уште на мечот со Наполи во следното коло, откако Португалецот се врати на тренинзите на својот тим.
Крилниот напаѓач на Милан не беше на теренот на мечот од Купот на Италија против Бари, поради повреда на мускулот. Според „Туро Меркато“, крилниот фудбалер се вратил на тренинзите со главната група на играчи.
Тоа значи дека ќе биде во комбинација за мечот со Наполи во недела. Иако можеби нема да стартува, сепак, би можел да се најде на клупата, и ако биде потребно да влезе да му помогне на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

