Одлични настапи на Академија Пандев на „Џенерали куп“ во Прага: Реми и со Ѓер

Без победник но со вкупно четири постигнати гола заврши вториот дуел кој младинскиот тим на ФК Академија Пандев го одигра попладнево на „Џенерали купот“ во Прага. „Пандевци“ денеска ремизираа, 2-2, со екипата на Ѓер.

ФК Академија Пандев поведе со голот на Велиновски во 30. минута и таа предност ја задржа до крајот на полувремето. Во вториот дел од средбата Наџи во 59.минута израмни на 1-1, а потоа Шанто во 69.минута му донесе предност на противникот од 2-1.

Но тоа не ги обесхрабри младите македонски фудбалери кои и натаму создаваа шанси кон противничкиот гол, а одличниот Велиновски круниса една таква со погодок во 84. минута со што беше поставен и конечниот резултат 2-2.

Академија Пандев, како што е познато, на првиот дуел на турнирот ремизираше без голови против англискиот Евертон.

Се вчитува...