Одлични вести за Франција пред полуфиналето со Шпанија

Франција добива огромно засилување за полуфиналниот супер-дерби натпревар против Шпанија на Светското првенство.

Аурелиен Чуамени е целосно закрепнат од повредата и ќе се врати во стартниот состав на „триколорите“ за клучниот дуел во вторник. Францускиот играч од средниот ред ја санираше повредата поради која го пропушти претходниот натпревар и е 100 проценти подготвен за игра. Со неговото враќање на теренот, Ману Коне повторно ќе се пресели на клупата за резерви.

Ова е одлична вест за селекторот Дидие Дешам пред пресметката со разиграната Шпанија, во меч кој многумина го сметаат за финале пред финалето.

Се вчитува...