Одлични вести за Мурињо пред мечот со Севилја: Погба и Ибра на тренинг!

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ денес го одржаа тимскиот тренинг пред мечот со Севилја во Лигата на шампиони, што е одлична вест за Жозе Мурињо пред гостувањето на „Рамон Санчез Пискуан“.

Златан за прв пат во оваа година се придружи на своите колеги во подготвителните сесии, откако долго време се повреди против Барнли на „Боксинг деј“. Францускиот играч за врска не беше во плановите на португалскиот стратег на последниот меч на „црвените ѓаволи“, против Хадерсфилд во ФА Купот, Мурињо посочи дека Погба не играл поради настинка.

Засега не е откриено дали и двајцата ќе настапат утре, но Мурињо секако е задоволен што во составот се враќаат двајца клучни играчи пред предизвикот во најелитното европско натпреварување.

Се вчитува...