Одличниот Стеф Кари за триумф на Голден стејт, Сакраменто продолжува да гази (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сакраменто цврсто газат како се доближува плејофот во НБА лигата, синоќа триумфирајќи против Портланд со 114-138.

Сакраменто, апсолутно доминирајќи на мечот, беше предводен од четворката Сабонис, Фокс, Монк и Мари кои завршија со по 20 постигнати поени. Кај Портланд, пак, најефикасен беше Шарп со 27 поени.

Голден стејт славеше против Сан Антонио со 130-115, благодарение на одличната последна четвртина. До триумфот ги водеше Стеф Кари со 33 поени, а Клеј Томпсон го заврши мечот со 31 постигнат поен.

Во останатите натпревари на вечерта, Чикаго славеше против Шарлот со 91-121, Индијана ја победи Оклахома со 121-117 а Филаделфија беше подобра од Торонто со 117-110. Вашингтон загуби од Орландо со 109-116, Бостон ја победи Јута со 122-114, Бруклин беше подобар од Атланта победувајќи со 124-107 додека, Кливленд загуби од Њујорк со 116-130. Хјустон го совлада Детроит со 121-115, Мемфис триумфираше против ЛА Клиперс со 108-94, Минесота пред своите навивачи загуби од ЛА Лејкерс со 111-123 а  Феникс го победи Денвер со 100-93.

Се вчитува...