Одлично деби – Кузмановски тргна со „осумка“ во дресот на Хановер

Филип Кузмановски имаше одлично деби во дресот на Хановер, откако македонскиот ас беше меѓу најзаслужните за убедливата победа од 42-27 на пријателскиот натпревар против Хамбург.

Хановер доминираше во текот на сите 60 минути и на крајот триумфираше со „плус петнаесет“, а Кузмановски постигна дури осум погодоци, пет од нив со удари од пенал.

Првичниот впечаток е позитивен и се очекува македонскиот репрезентативец да добива многу поголема минутажа кај тренерот Ортега отколку што тоа беше случај во редовите на Магдебург.

Се вчитува...