Одлично деби на Хакими, Интер супериорен на првата контрола

Интер забележа лесна и убедлива победа на првиот контролен натпревар во пресрет на новата сезона, на кој „нероаѕурите“ за противник го имаа швајцарскиот тим Лугано.

Антонио Конте им даде шанса на сите фудбалери, а најмногу импресионираше Ашраф Хакими, десниот бек кој летово пристигна од Реал Мадрид по успешната двогодишна позајмица во Борусија Дортмунд. Токму на негова асистенција Далбер го постигна водечкиот погодок за „нероаѕурите“, а по ново додавање на Хакими од десната страна беше постигнат и вториот погодок на мечот, автогол на еден противнички дефанзивец.

Лаутаро Мартинез пред крајот на полувремето постигна два брзи погодоци за водство од 4-0, а конечните 5-0 на самиот старт од вториот дел ги постави Ромелу Лукаку.

Се вчитува...