Одлично деби на Лука Дончиќ за Далас (видео)

Лука Дончиќ имаше импресивно деби во дресот на Далас маверикс, прикажувајќи одлична игра за својот тим на мечот од предсезоната против кинескиот клуб Пекинг.

Далас славеше со убедливи 116-63, а Дончиќ реализираше 16 поени, две асистенции, додека во одбраната имаше и три блокади. Јасно е, противникот беше далеку од НБА-калибар, но американските медиуми сепак се импресионирани од потенцијалот на Дончиќ, кој по блескавите игри во дресот на Реал Мадрид се реши да го направи големиот чекор напред во кариерата – кон НБА-лигата.

Се вчитува...