Македонија ЃП има предност од 3-1 против прилепска Победа во првиот натпревар од 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Одличен динамичен дуел во Ѓорче Петров. Од самиот почеток „лавовите“ ја најавија желбата за триумф, со прекрасниот гол за 1-0 на Емини уште во 6. минута.
Но, Мазари во 18. минута успеа да погоди за израмнување.
Сепак, во 34. минута одлична акција на домашните која со гол за 2-1 ја крунисува Стојкоски, а веќе во 39. минута со својот втор гол Емини носи 3-1 на полувремето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА