Одложен натпреварот Брентфорд – Манчестер Јунајтед

Денеска стартува 17. коло од Премиер-лигата, но тоа нема да започне како што беше планирано со натпреварот Брентфорд – Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека поради неколку играчи позитивни на ковид-19, натпреварот нема да се игра.

Јунајтед веднаш побара одложување мислејќи на здравјето на лицата кои се позитивни, а Управниот одбор на Премиер лигата им излезе во пресрет и натпреварот вечерва нема да биде одигран. Донесена е одлука екипата да се затвори 24 часа во својот тренинг комплекс, за да се намали ширењето на заразата, додека позитивните ќе бидат изолирани во согласност со правилата.

„Манчестер Јунајтед жали поради овие несакани работи предизвикани од ковид-19“, стои во соопштението.

Денеска ќе се одиграат останатите два натпревари во кои Норич го пречекува тимот на Астон Вила, додека Манчестер Сити на „Етихад“ ќе го пречека Лидс.

Се вчитува...