Одложен натпреварот Стразбур-ПСЖ, можно е мечот со Дортмунд во ЛШ да се игра пред празни трибини

Натпреварот во Лига 1 меѓу лидерот на табелата Пари Сен Жермен и Стразбур кој требаше да се одигра утре ќе биде одложен поради коронавирусот, соопштија од Француската фудбалска федерација. Ова доаѓа по препорака на локалните власти кои стравуваат од можно проширување на вирусот кој ја зафати цела Европа.

Дополнително ќе биде одреден терминот за натпреварот кој требаше да биде дел од 28. коло во францускиот шампионат. Интересно е тоа што одлуката доаѓа само три дена по изјавата на министерот за спорт на Франција, Роксана Марачиненау која изјави дека коронавирусот нема да биде проблем за одржување на натпреварите во фудбалскиот шампионат.

Можно е натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите во кој францускиот шамион и е домаќин на Борусија Дортмунд да се игра без публика.

Се вчитува...