Ќе нема ВАР во мечот од 170 милиони фунти

Англиската фудбалска федерација потврди дека во финалниот меч од плеј-офот во Чемпионшип нема да биде користен ВАР системот. Јавноста притискаше поради значењето на овој дуел, чија вкупна вредност се проценува на 170 милиони фунти (заработка што би ја имал тимот што ќе влезе во Премиер-лигата), да биде користена ВАР-технологија. Сепак, Здружението на клубови од Чемпионшип-дивизијата ја отфрли оваа идеја, па судиите ќе немаат помош од технологија на суперзначајниот натпревар што традиционално се игра на „Вембли“ во Лондон.

Како образложение е наведено дека ВАР не е користен цела сезона во Чемпионшип, па раководството на лигата не сака да ризикува користејќи го само во еден натпревар.

Во Англија ВАР се користи во ФА купот и во Лига купот, а веќе е официјализирано дека од следната сезона ќе се употребува и во Премиер лигата.

Се вчитува...