Одредена цената: Челси бара богатство за капитенот

Енцо Фернандес се наоѓа на излезна врата од Челси откако аргентинскиот репрезентативец јасно ставил до знаење дека очекува летово да му биде дозволено да ги смени клупските бои. Аргентинецот се уште е разочаран од третманот од пред неколку месеци, кога беше суспендиран од клубот на два натпревари поради изјави дадени додека се наоѓаше со својата репрезентација, кога отворено говореше за разочараноста од слабите игри на Челси.

Фернандес смета дека не заслужувал казна за нешто што го говорел од срце без намера да навреди некого, па токму тоа е причината поради која јасно ставил до знаење дека нема намера да потпише нов договор со „сините“, туку сака да си замине веќе во текот на летниот преоден рок.

Чаби Алонсо е известен за ситуацијата, а управата веќе испратила порака до заинтересираните клубови – Енцо ќе чини 120 милиони фунти. Аргентинскиот играч за врска пристигна на „Стемфорд бриџ“ за сума од 100 милиони фунти, а Челси сака да заработи на еден од ретките играчи кои се покажаа како топ-засилувања.

Реал Мадрид не ја крие желбата да го доведе Фернандес, но тие разговори се стопирани поради претседателските избори. Сериозна опција е и Манчестер Сити, каде новиот тренер Енцо Мареска имаше одлична соработка со Аргентинецот во Челси, па сега би сакал да го види како свој лидер и во средниот ред на „граѓаните“.

Се вчитува...