Одржан третиот „Алпски куп“ во Маврово

Ски клуб Меденица го организираше својот трет последователен интернационален алпски куп во дисциплините велеслалом и слалом.

Овогодинешниот алпски куп се одржа во Ски центар Заре Лазарески – Маврово. Учество земаа 98 скијачи кои беа поделени во две категории У14 и У16 кои беа поделeни во машка и женска конкуренција. Факт кој радува е дека од година во година бројот на учесници расне и интересот за скијање кај младите е во нагорна линија. Ски клуб Меденица ќе настојува овој куп да прерасне во традиција.

 

 

Се вчитува...