ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев
Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди стартниот тим кој вечерва во 20:45 часот ќе се спротивстави на Белгија во рамките од 6 коло во квлификациите за пласман на Светското првенство.
Наместо Алими, Милевски во средниот ред се реши да им даде шанса на Костадинов и Атанасов, заедно со Барди кој треба да дејствува поофанзивно.
Во нападот Елмас и Миовски, додека во одбраната триото Муслиу, Зајков и Стојчевски. Алиоски и Ашковски на крилните позиции кои ќе треба да помагаат и во напад, и во одбрана.
И селекторот на Белгија, Руди Гарсија се одлучи на кои први 11 да им даде шанса. Во нападот Гарсија се одлучи без класичен шпиц, односно во нападот Доку, Тросар и Саламекерс.
Today’s line-up! 📰#SelectedByPwC pic.twitter.com/YR5wDEDq94
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) October 10, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

