ОФИЦИЈАЛНО: Ајакс доби нов тренер

Ајакс и Џон Хејтинга се договорија 39-годишниот поранешен фудбалер да остане тренер на Ајакс  до крајот на сезоната. Двајт Лодевегес е назначен за помошник тренер во стручниот штаб на Хејтинга, со моментален ефект.

Џон Хејтинга го продолжи договорот во ноември минатата година. Неговиот ангажман во Ајакс трае до 30. јуни 2025 година. Минатиот викенд, Хеитинга ја обавуваше функцијата привремен главен тренер во победата против Екселзиор (1-4). Од летото 2021 година е главен тренер на Ајакс У23.

„Убедени сме дека ова е вистинското решение. Џон е на јасен и стабилен пат, што резултираше со тоа што се развива многу добро со текот на годините. Гери Хамстра, Клас Јан Хунтелар и јас имавме повеќе разговори, и очигледно имавме неколку разговори со Џон. Се чувствуваме сигурни во квалитетите на Џон и визијата што ја има. Тимот сега мора да победи, да работи на својата самодоверба и да се развива понатаму. Имаме уште многу да се бориме оваа сезона“, изјави директорот на клубот Едвин ван дер Сар.

Се вчитува...