ОФИЦИЈАЛНО: Арби Воша е нов фудбалер на Шкупи

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи го претстави Арби Воша за свое прво засилување за новата сезона во ПМФЛ.

21-годишниот Воша потекнува од школата на Македонија ЃП, каде играше во последните пет сезони во првиот тим, и на 113 натпревари постигна пет голови. Беше еден од најзаслужните за успесите на „лавовите“ и за освоените два пехари во Купот, а сега е пред нов предизвик во редовите на Шкупи.

Се вчитува...