Официјално: Артуро Видал е нов фудбалер на Интер

Артуро Видал е нов фудбалер на Интер, потврдија од италијанскиот калчолигаш. Чилеанецот беше меѓу првите на кои новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, им кажа дека треба да си замине од клубот, а тој се согласи да не биде исплатен за последната година од договорот, по што доби зелено светло за заминување без отштета од „Камп Ноу“.

Тој уште пред извесно време ги имаше договорено условите за соработка со „нероаѕурите“ (двогодишен договор со можност за уште една дополнителна сезона), но денеска конечно ги заврши сите детали околу комплетирање на трансферот. Станува збор за играч што своевремено имаше беспрекорна соработка со Антонио Конте во Јувентус, па трофејниот стратег неслучајно инсистираше на ангажман на Чилеанецот, како на играч со искуство, но и со победнички менталитет, нешто што му недостигаше на Интер минатата сезона.

 

Се вчитува...