ОФИЦИЈАЛНО: Австралија му даде виза на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на Австралија опен во јануари следната година, потврди министерот за имиграција на оваа земја Ендрју Жил. Тој донесе одлука да му ја укине тригодишната забрана за влез во земјата на српскиот тенисер, откако на почетокот на 2022 година беше депортиран поради статусот на вакцинација против Ковид 19.

Министерот Жил рече дека го одобрил барањето на Ѓоковиќ за укинување на одлуката бидејќи веќе нема основа за укинување на визата.

„Подоцна на г-дин Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија“, се вели во соопштението на Гилс.

Веста дека на Новак ќе му биде дозволено да игра на првиот гранд-слем сезонава, излезе во вторник, а еден ден подоцна Би-Би-Си објави дека добил дозвола од Одделот за имиграција.

Ѓоковиќ девет пати славеше во Мелбурн и освои вкупно 21 гранд-слем титула, односно една помалку од рекордерот Рафаел Надал. Австралија опен ќе се одржи од 16. до 29. јануари следната година.

Се вчитува...