Официјално: Даниел Аврамовски потпиша за Кајзериспор

Најдобриот фудбалер на Вардар од минатата сезона, Даниел Аврамовски и официјално стави потпис на договор со турскиот суперлигаш Кајзериспор.

25-годишниот Аврамовски, по одличните игри во црвено-црниот дрес, сосема очекувано реализираше нов интернационален трансфер овој пат продолжувајќи ја кариерата во Турција. Во Кајзери се сели како слободен фудбалер, со финансиски договор од 150.000 евра по сезона.

Членот на младата македонска генерација која не однесе на ЕП во Полска, претходно во својата кариера има настапувано и за домашните Македонија ЃП и Работнички, српските Црвена Звезда, Војводина и ОФК Београд како и словенечка Олимпија од каде минатата сезона се пресели во Вардар.

 

Се вчитува...