Астон Вила официјално го потврди трансферот на Николас Џексон од Челси. Сенегалскиот напаѓач потпиша петгодишен договор со клубот од Бирмингем, а трансферот може да достигне вредност од 65 милиони фунти.
Челси ќе добие 47,5 милиони фунти веднаш, додека дополнителни 17,5 милиони се предвидени преку бонуси и други клаузули. Со тоа Џексон станува најскапото засилување во историјата на Астон Вила.
25-годишниот напаѓач во Вила пристигнува како замена за Оли Воткинс, кој заминува во Саудиска Арабија и ќе го засили Ал Хилал.
Џексон добро го познава тренерот Унаи Емери, со кого соработуваше во Виљареал. Токму под водство на шпанскиот стратег, Сенегалецот имаше одлична сезона во 2022/23, кога постигна 12 гола на 26 натпревари во Ла Лига.
По трансферот во Челси во 2023 година, Џексон постигна 30 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, со кој ги освои Бундеслигата и Купот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
