Официјално: Џо Харт потпиша со Тотенхем (ВИДЕО)

Искусниот англиски голман Џо Харт официјално е претставен како нов фудбалер на Тотенхем. 33-годишникот на крајот на минатата сезона остана без клуб откако му истече договорот со Барнли. Сепак, Харт не бараше долго клуб и на изненадување на сите потпиша со Тотенхем. Тој се обврза за верност на клубот од Лондон на две години, а во тимот се очекува да биде резервна опција за капитенот Хуго Лорис. Харт потекнува од школата на нисколигашот Шрусбери, а во кариерата настапуваше и за Манчестер Сити, Блекпул, Бирмингем, Торино и Вест Хем.

 

 

Се вчитува...