Официјално: Доскорешниот тренер на Роналдо ќе ги предводи Елмас и Наполи

Руди Гарсија во новата сезона ќе биде предводник на Наполи, потврди актуелниот шампион на Италија. Францускиот стратег на „жешкото столче“ ќе го наследи Лучијано Спалети кој се одлучи за едносезонски одмор по успешната сезона со неаполитанците.

Гарсија кој тренерската кариера ја започна во 1994 година во минатото ги предводеше Лил, Рома, Марсеј и Лион, а во редовите на трикратниот шампион на Италија доаѓа од Ал Наср каде во дел од сезоната го предводеше Кристијано Роналдо, но беше отпуштен поради нарушениот однос со фудбалерите во тимот.

Се вчитува...