Официјално: Душко Ивановиќ одново во Басконија

Душко Ивановиќ кој неодмана беше отпуштен од Црвена Звезда поради лошиот старт на сезоната веќе има нов клуб. Црногорскиот стратег останува во Евролигата и во иднина ќе ја предводи Басконија.

За Ивановиќ кој е најтрофеен тренер во историјата на шпанскиот клуб тоа е четврти мандат „жешкото столче“. Првиот беше од 2000 до 2005 година, потоа од 2008 до 2012 година и третиот од 2019 до 2021 година.

Со Ивановиќ Басконија беше три пати шампион на Шпанија, три пати го освојуваше и Купот на Кралот, а еднаш Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...