Официјално: Ентони Дејвис останува во ЛА Лејкерс

Ентони Дејвис ќе потпише нов договор со ЛА Лејкерс, пренесуваат американските медиуми. Тој ќе биде во важење од пет години, а во тој период одличниот центар ќе инкасира 190 милиони долари. Дејвис минатото лето во трејд стигна во ЛА, а веќе по првата сезона успеа да стигне до титулата со тимот од „градот на ангелите“. Претходно, вчера Леброн Џејмс го продолжи за уште две години актуелниот договор, што значи дека во следните сезони овие двајца кошаркари сигрно ќе бидат заедно.

 

Се вчитува...