Официјално: Ериксен е нов фудбалер на Интер

Данскиот фудбалски репрезентативец е нов фудбалер на Интер, потврдија од италијанскиот гигант. Тотенхем и Интер успеаја да постигнат договор за 28-годишникот, а тој на „Џузепе Меаца“ ќе се пресели за сума од 20 милиони евра. Договорот ќе биде со важност до јуни 2024 година, a на дресот ќе го носи бројот „24“. Тој е трето засилување за „неро-аѕурите“ во овој преоден рок, откако претходно во Милано, пристигнаа и Ешли Јанг и Виктор Моузес.

 

Се вчитува...