Официјално: Феликс Нмеча е нов фудбалер на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд замената за Џуд Белингам ја најде во Волфсбург од каде се засили со Феликс Нмеча. Младиот германски репрезентативец пристигна на „Сигнал Игуна Парк“ по одлична сезона во која запиша три голови и шест асистенции.

Трансферот е во вредност од вкупно 30 милиони евра и неговиот потпис е со важност до 2028 година. За 22-годишникот Борусија Дортмунд ќе биде трет клуб во професионалната кариера откако претходно настапуваше и во дресот на Манчестер Сити.

Се вчитува...