Официјално: Флоренци на позајмица во Пари Сен Жермен (ВИДЕО)

Италијанскиот репрезентативец Алесандро Флоренци денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на францускиот шампион Пари Сен Жермен. Фудбалерот на Рома како позајмен играч претстојнава сезона ќе ја мине во дресот на францускиот првак Пари Сен Жермен. „Светците“ во договорот имаат и клаузула за целосно откупување на Италијанецот.

Флоренци, кој вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Валенсија, сега заминува цво Пари Сен Жермен. За него беа заинтересирани и Фиорентина, Аталанта и Евертон, но на крајот Флоренци одлучи дека ПСЖ е најголемиот предизвик за продолжување на кариерата. Тој ќе заработува 3 милиони евра годишно како играч на европскиот вицепрвак.

 

 

Се вчитува...