Официјално: Гоце Седлоски, нов тренер на Работнички

Долгогодишниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски е изборот на новата управа на Работнички за тренер на „романтичарите“, беше официјално потврдено денеска, со што Работнички ја финишираше потрагата по нов тренер по заминувањето на Милан Илиевски.

Како што најавија, новите сопственици на Работнички, „турскиот „Џевахир“ влегуваат максимално амбициозно, со сериозни планови за клубот. Потрагата по нов тренер траеше неколку седмици, се преговараше со неколку квалитетни македонски тренери, за на крајот да биде постигнат договор со Седлоски, кој денеска и официјално беше промовиран во предводник на „романтичарите“.

Седлоски на клупата на клубот од Градски парк ќе го наследи Милан Илиевски. Претходно во својата кариера Седлоски, покрај на Вардар и Шкупи, беше и тренер на Хоризонт Турново, летонска Рига и Широки брег во БиХ, а последниот негов ангажман беше на чело на албанскиот суперлигаш Влазнија.

Се вчитува...