Официјално: Ибрахимовиќ уште една сезона во ЛА галакси

Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно ги отстрани сите дилеми околу својата иднина откако денеска го стави својот потпис на новиот едногодишен договор со ЛА галакси. Иако постигна бројни погодоци, Швеѓанецот не успеа да се пласира ниту во плејофот во МЛС-лигата, што беше само причина повеќе да остане во Лос Анџелес и да се обиде да остави посилен печат врз елитното американско фудбалско друштво.

„Презадоволни што можеме да објавиме дека Златан потпиша нов договор и ќе се врати во нашиот тим во 2019 година. Тој ја покажа својата класа минатата сезона и со нетрпение очекуваме повторно да го видиме како ги брани боите на нашиот клуб“ – изјави генералниот менаџер на ЛА галакси, Денис Клосе.

Ибрахимовиќ во својата дебитантска сезона во МЛС-лигата одигра 27 натпревари, притоа постигнувајќи 22 погодоци и 10 асистенции.

Се вчитува...