Официјално: Кристијан Стојкоски се врати во Македонија ЃП

Македонија ЃП денеска го промовираше Кристијан Стојкоски за нов (стар) играч. Стојкоски се враќа во матичниот клуб по одисејата која ја имаше во Шкупи, Академија Пандев и Работнички. Во пролетниот дел ќе биде големо засилување за „лавовите“.

„Дома си онаму каде што ти е срцето. Добредојде дома Кристијан Стојкоски“… Со вакви зборови Македонија ЃП го врати Стојкоски во своите редови.

Стојкоски беше дел од младинските категории на ѓорчепетровци, а потоа една полусезона мина во Тетекс во 2012 година, пред да се врати повторно во редовите на Македонија и да остане пет години. Потоа замина во Шкупи, па во Академија Пандев, а во последните шест месеци да биде дел од Работнички. Го раскина договорот со „романтичарите“ и се реши да се врати во својот матичен клуб.

Се вчитува...