Македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот клуб СПЕ Строволу од Никозија.
По успешната работа во Бутел Скопје, Кузманоски ја презема функцијата со цел да го предводи клубот кон реорганизација и излез на меѓународната ракометна сцена.
„Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и тренер. Покрај тоа што се приклучи на СПЕ Строволу како главен тренер, тој моментално е и главен тренер на репрезентацијата на Македонија до 18 години. Неговиот тим до 18 години неодамна се пласираше во финалето на Европското првенство, кое ќе се одржи во Србија на крајот на јули и почетокот на август. Добредојдовте во семејството на СПЕ Строволу, тренеру Горан!“, напишаа од клупбот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
