Официјално: Леонид Тодоровски е нов кошаркар на Работнички

Македонскиот најтрофеен кошаркарски колектив, Работнички започна да се екипира во пресрет на новата сезона, а првото засилување ова лето е Леонид Тодоровски. Центарoт кој во минатото ги бранеше боите на Куманово и МЗТ Скопје 2 во „црвено-белиот“ табор доаѓа од Академија ФМП.

На 32 одиграни натпревари за „академиците“ во Првата лига оствари просек од 11.0 поени со 55 отстотна реализација од поле, а додаде и 4.9 скока. Притоа одигра и седум натпревари во БИБЛ лигата каде бележеше просек од 9.0 поени и 5.4 скока.

Дваесетитригодишниот Тодоровски ќе биде прво од серијата млади засилувања на Работнички. Клубот во новата сезона ќе цели на стабилизација, а очекувањата се главниот збор повторно да го има легендата на клубот, Димитар Мираковски кој ќе направи камбек на „жешкото столче“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IstBasketMk (@istbasketmk)

Се вчитува...