ОФИЦИЈАЛНО: Лукаку е нов фудбалер на Интер

Ромелу Лукаку и официјално е промовиран во нов фудбалер на Интер. Белгиецот се враќа во таборот на „нероаѕурите“ по една година помината во премиер-лигашот Челси.

Лукаку иако беше најавено како големо засилување, тој не успеа да најде заеднички јазик со тренерот на „сините“, Томас Тухел, па по само една година се враќа на местото каде што ги имаше најголемите успеси во кариерата.

Имено, Лукаку со Интер успеа да стигне до својата прва титула во кариерата откако во сезоната 2020/21 го крена пехарот во Серија А.

 

 

Се вчитува...