Макаби во иднина нема да биде домаќин на своите домашни евролигашки натпревари во Белград како што тоа беше случај во голем дел од ланската и на самиот почеток од оваа сезона.
Израелскиот тим уште пред два месеци почна разговори за да се пресели на Кипар, за конечно да добие зелено светло за своите натпревари да ги игра во салата „Спирос Кипријану“ во Ларнака.
Денешниот состанок на кој беа присутни челниците на Макаби, претставници на кипарскиот клуб, но и високи претставници од локалната полиција, го дал посакуваниот резултат, откако биле добиени гаранции од полициските власти за безбедноста на сите членови на Макаби Тел Авив во наредниот период.
Откако добиле гаранција за апсолутна безбедност, се преминало кон потпис на договорот, за што Макаби од претходно имал добиено зелено светло од Евролигата да го смени градот домаќин за продолжението од сезоната.
Вториот израелски тим во Евролигата, Хапоел Тел Авив, своите домашни натпревари во елитното европско натпреварување ги игра во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
