Официјално: Манчестер Јунајтед се збогуваше со Погба! (ФОТО)

Maнчестер Јунајтед и официјално се збогуваше со Пол Погба, откако Французинот помина шест години на „Олд Трафорд“. Договорот на Погба истекува на 30. јуни, а веќе од поодамна се пишува дека не е задоволен во тимот на „црвените ѓаволи“.

Јуанјтед на Твитер се поздрави со Пол и му се заблагодари за досегашната соработка. Погба веќе еднаш го напушти Јунајтед како слободен играч кога летото 2012 се пресели во Јувентус.

Французинот и сега би можел да тргне по истиот пат, затоа што „старата дама“ повторно е заинтересирана. Во игра е и ПСЖ, но во моментов Јувентус изгледа како поверојатна опција.

 

 

Се вчитува...