Официјално: Мартинез е нов голман на Челси

Челси доведе уште едно големо засилување пред крајот на преодниот рок потпишувајќи договор со првиот голман на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез. „Сините“ имаа очигледен проблем со голманската позиција откако Санчез повторно „киксна3 и на премиерата од новата сезона со Фулам, што беше причина управата пак да се активира и да го доведе Мартинез на „Стемфорд бриџ“.

Искусниот чувар на мрежата доаѓа од редовите на Астон Вила, откако клубовите се договорија за отштета од 7,5 милиони фунти, по што Аргентинецот без размислување прифати да дојде во Челси.

„Пресреќен сум што доаѓам во клуб како Челси, едвај чекаме да почнеме со работа. Како човек сум некој што сака да победува и да освојува трофеи, верувам дека ќе успеам да го остварам тоа со Челси“, истакна 33-годишниот Мартинез.

Тој беше член на Астон Вила од 2020 година, собирајќи 256 настапи за клубот од Бирнингем со кој најголем успех му беше освојувањето на Лигата на Европа минатата сезона.

Се вчитува...