Официјално: Митревски е нов член на Порто

Никола Митревски и официјално е нов член на Порто, трансфер што денеска беше потврден и од страна на актуелниот првак на Португалија. Македонскиот репрезентативец имаше зад себе одлична сезона на голот на Работник, но и покрај понудата за продолжување на соработката Митревски реши повторно да замине во странство.

Откако пред неколку сезони успешно настапуваше во дресот на Бенфика, Митревски се враќа во Португалија, овојпат во редовите на шампионот на оваа земја во која ракометот се повеќе добива на популарност. Конкуренцијата е огромна, Порто во своите редови го има португалскиот репрезентативец Кинтана, но Митревски ќе има шанса да ги покаже своите квалитети и во дресот на „сино-белите“.

Сериозен интерес за овој голман покажа и новото раководство на Вардар, но Митревски ги одби и „црвено-црните“ во желба за нов меѓународен предизвик пред завршувањето на кариерата.

Се вчитува...