Официјално: МЗТ Скопје се засили со Џордон Крафорд

Македонскиот првак МЗТ Скопје конечно најде замена за Никола Павличевиќ на плејмејкерската позиција, Џордон Крафорд е нов член на „металци“ кој потпиша договор со важност до крајот на сезоната. Крафорд доаѓа на инсистирање на тренерот Жељко Лукајиќ, кој изминатиов период напорно бараше соодветно решение за овој клучен дел од тимот.

27-годишниот организатор на игра своето кошаркарско искуство го изгради во развојната лига на НБА, додека во своите универзитетски денови играше за колеџ тимот на Боулинг грин.

Крафорд нема право да игра на средбите во АБА-лигата бидејќи веќе е завршен рокот за регистрирање нови играчи во регионалното натпреварување, но ќе биде помогне на „сино-белите“ во походот кон Купот на Македонија и како и одбраната на титулата во домашното првенство.

Сложената процедура за добивање сертификат од НБА Џи-лигата е веќе во тек и ако сѐ биде како што треба, новиот плејмејкер за десетина дена ќе може да дебитира во дресот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...