Официјално одложен и дуелот Наполи – Интер

Хаосот со одложување на фудбалски натпревари во Италија продолжи откако денеска беше обелоденето дека нема да се одигра ниту реваншот од Купот на Италија меѓу Наполи и Интер.

Пред петнаесетина часа беше одложен реваншот меѓу Јувентус и Милан, но се очекуваше мечот меѓу Наполи и Интер сепак да се игра, поради фактот дека Неапол не е во делот на „опасни региони“, впрочем во овој град викендов се играше меч со публика меѓу Наполи и Торино во рамките од Серија А.

Сепак, градските власти оценија дека постои сериозна опасност од ширење на коронавирусот, поради што беше донесена конечна одлука натпреварот да биде одложен, а новиот термин да се утврди по нормализацијата на состојбата на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...