Кошаркарскиот клуб Олимпијакос е исфрлен од грчката лига. Раководните лица на грчката лига, објавија дека Олимпиjакос од Пиреја е исфрлен од домашното натпреварување, откако не се појавија на мечот против Панатинаикос во рамки на плеј-офот.
„Олимпиjакос е исфрлен во втората лига поради одбивањето да учествува во доигрувањето против Панатинаикос, и санкционирани се со елиминација од годинашниот плеј-оф, што значи дека Олимпијакос сезонава нема да игра кошарка. Резултатите на клубот од Пиреја се „избришани“ тимот е испратен на дното на табелата, но нема да има клуб кој ќе го заземе неговото место во плеј-офот“, стои во соопштението на Грчката кошаркарска федерација.
Пред почетокот на плеј-офот Олимпијакос најави дека нема да игра ниту во купот, доколку арбитрите на мечот се Грци. Приказната околу доаѓањето на Олимпијакос во АБА лигата, се уште се актуелни, а ќе биде интересно да се види расплетот од целата ситуација, бидејќи раководните лица во АБА најавија дека за учество во натпреварувањето, може да се влезе само преку АБА 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА