ОФИЦИЈАЛНО: Патрик Менсах ново засилување на Шкупи

Интернационалецот од Гана, Патрик Менсах е ново засилување на есенскиот шампион во Првата фудбалска лига на Македонија, Шкупи. Чаирчани денеска го официјализираа трансферот на 20 годишникот кој со Шкупи потпиша три годишен договор.

Играчот за врска во Чаир доаѓа од тимот на Харт оф лајонс од Гана.

„Со големо задоволство, Претседателството на нашиот клуб соопштува дека постигнавме договор со играчот за врска од Гана, Патрик Менса, потпишувајќи тригодишен договор со 20-годишниот, кој во нашиот тим доаѓа од тимот на Харт оф лајонс од Гана“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...