Легендарниот француски репрезентативец Патрик Виеира од денеска и официјално е нов селектор на Сенегал, потпишувајќи договор за предводник на оваа африканска селекција.
Виеира доаѓа на местото на Папе Тиав, кој доби отказ по завршувањето на настапот на Сенегал на СП, каде оваа селекција беше несреќно елиминирана од Белгија прокоцкувајќи предност од два гола во самиот финиш.
Виеира од самиот почеток беше прв избор за нов селектор, тој е роден во Дакар и прифати да застане на чело на проектот, потпишувајќи договор на најмалку две сезони.
Првиот предизвик Виеира ќе го има веќе во септември, со стартот на квалификациите за Купот на Африкански Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
