Официјално: Пау Гасол го пропушта Мундобаскетот

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серџо Скариоло потврди дека првата ѕвезда на „црвената фурија“ Пау Гасол ќе го пропушти Светското првенство во Кина.

„Сите што го сакаме Пау го поддржуваме и знаеме дека ја донесе најдобрата одлука. Можам само да му посакам брз опоравување. Без него ќе се обидеме да направиме се за подобар пласман на Светското првенство, за да можеме да се квалификуваме на Олимписките игри, каде што Пау за последен пат треба да биде наш лидер. Заслужува на најдобар можен начин во Токио, да се повлече од репрезентативниот дрес“, изјави Скариоло. 

Гасол доживеа скршеница на ногата поради која мораше да замине на операција, по која ќе мора да паузира минимум три месеци, што значи дека нема да биде подготвен за настап на Светското првенство кое ќе се игра од 31 август до 15 септември во Кина. Инаку, моментално легендарниот кошаркар е член на Милвоки Бакс, клуб кој ќе се сретне со Торонто Репторс во финалето на Истокот, каде што помошник тренер е Серџо Скариоло.

Се вчитува...